Наставата за дооформување на средно стручно образование во општина Арачиново

Во Општина Арачиново беа доделени 109 свидетелства на учесниците кои успешно завршија прва година од трговска струга, профил техничар за трговија и менаџмент.  Учесниците продолжуваат со следење на втора година во 2011 година.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и Агенцијата за вработување на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и Агенцијата за вработување на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на реализацијата на пилот мерката во работните клубови за стекнување на специфични знаења од англиски јазик за угостителска дејност, предвидена во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2010 година

09-11 ноември 2012 – Програма на Работилницата за функционери, Управување и развој, Модул 2

Директорката на Центар за образование на возрасните г-ца Линдита Ќазими ќе присуствува во семинар за Управување и развој кој се одржи во 09-11 номври 2012 во Охрид.Со цел поддршка на реформата на јавната администрација, Британската амбасада во Скопје и Министерството за информатичко општество, организираат втората по ред работилница наменета за врвното раководство. Наставата ќе ја спроведат експерти од Националната Владина Школа од Кралствотона Велика Британија и Севрна Ирска.

Наставата ќе овозможи, врвното раководство да се здобиат и да ги подобрат следниве вештини: адекватно раководење со институциите; ефективна комуникација; пристапи на преговарање; управување со вработените, нивно мотивирање и делегирање на обврски за подобро и поефикасно извршување на работните задачи; справување со специфични ситуации и подготовка на план за акција и негово спроведување.

Оформување на средно стручно образование во општина Прилеп

Проектот за оформување на средно стручно образование од Октомври 2012 година започна со реализација и во Општина Прилеп, за следниве струки: машинска струкапрофил МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР, електротехничка струка,профил ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР – ЕНЕРГЕТИЧАР, сообраќајна струка, профил ТЕХНИЧАР ЗА ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА. Во оваа прва фаза наставата ја следат 100 учесника со завршено само основно образование.

Консултативно–инструктивната настава ја спроведува наставен кадар од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп.

 

stip

Средба со претставници од текстилниот сектор

 

На 1 ноември 2012 година, во Штип, во просториите на Астибо Фешн Груп (АФГ) кои ги обезбеди директорот на АФГ и претседател на Текстилната трговска асоцијација г. Венцислав Филипов.На состаноците присуствуваа г-ѓа Наташа Сивевска, Извршен директор на Текстилната трговска асоцијација, г-ѓа Емилија Ивановиќ, Центар за образование на возрасни, г. Франсис Леви, краткорочен експерт, г-ѓа Гордана Мирчевска, толкувач на Твининг проектот и г. Лазо Шопов, експерт за одржување на машини за шиење.

stipЦелта на состанокот беше дизајнирање на профил на добар механичар за одржување зашто многу компании ја искажаа потребата за техничари со повисоко ниво на вештини.

По дизајнирањето на профилот, тимот ја разгледа можноста за реализирање на пилот програма во овој сектор како дел од ЕУ Твининг проектот. Многу опции беа презентирани при дефинирањето на целите на обуката, крајните корисници, можната организација, итн.

Штип, исто така се одржа состанок со потенцијални партнери кои би можеле да бидат тренинг провајдери за пилот програмата.Заклучокот од овој состанок е дека пилот програмата која одговара на потребите на текстилната индустрија е изводлива. Дизајнот на обуката треба да се заврши пред започнувањето на пилот програмата која ќе ја менаџира Центарот за образование на возрасни.

Сите овие активности ги изврши ЦОВ, користејќи ја методологијата која је пренесоа француските експерти од Твининг проектот.

takim

Семинар за партнерство – процеси и напредок

На ден 15.11.2012 год. во просториите на Занаетчиска комора –Скопје,Центарот за образование на возрасните во рамките на ЕУ Твининг проект:”Подршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасните,развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица” организираше “семинар за партнерство-процеси и напредок”.На семинарот присуствуваше и директорката на Центарот Г-ца Линдита Ќазими,која во своето обраќање на присутните им ја претстави историјата и мисијата на ЦОВ како и важноста на партнерството за поноатамошен развој и успех на ЦОВ.

Семинарот го водеше постојаниот твининг советник,Г.Жан-Лук Селие кој го презентираше партнерството во полето на доживотното учење како и пристапот применет од твининг проектот за воспоставување на партнерствата.

Краткорочните експертите од Франција Г-ѓа Колет Рамилиен и Г. Франсис Леви на присутните им ги презентираа резултатите од првите чекори во развивање на партнерства во ЦОВ. При тоа,тие го објаснија пристапот користен за проширување на мрежата на партнери на ЦОВ и нивната важност во изготвувањето и спроведувањето на пилот програмите за образование на возрасните.

seminar1 seminar2

restorant

Restauration and rehabilitation of traditional dwelling

Part of the Twinning Develop of Adult Education, the Centre for Adult Education launches a Pilot Programme leading to Skills certification focused on the Restoration and Rehabilitation of Traditional Dwelling. Our option is Training on Worksite in the surroundings of Skopje.

Our approach is competence- oriented, a third of the time devoted to the theory andtwo thirds to practice on-the-spot. The concept is learning by doing.

3 topics will be taught and certified:

  • Diagnosis of a decayed building, identification of damage, prescription of work to be done,
  • Site preparation and safety at work
  • Main technical activities to perform: timber framework, masonry, stone cutting, roofing.

This Vocational Training will provide a new qualification in the field of traditional skills and using natural materials available in the vicinity of the housing,taking into account the conditions of good comfort, energy saving, and sustainable development concerns.

And it can help to make some areas attractive for tourism and promotion of Macedonian identity.

This training will be offered to job seekers, experienced workers and beginners. Estimated start early February 2013.

The project will be manage by CAE and by a short term expert, Short Term Expert involved in Heritage Conservation in France.

It will be implemented by VET Zdravko Cvetkovsk, with the assistance of 2 macedonian experts, Lazar Sumanov and Petar Namicev.

b1 b2