Работилница:”Pабота и обука”

На 16 мај 2012 година, во средното училиште Коле Нехтенин во Штип се организираше работилница со наслов “Pабота и обука”. Главниот говорник на работилницата беше експертот од Франција, Г-ѓа Колет Симон Ramillien

Твининг проект: „Поддршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасните, развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица“

Рaботилница бр. 1, Акт. 2.1 M 4: Партнери за регионален проект

Развој на односот „Работа и обука“

Датум: 16 мај 2012

Место: Средно електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Општи цели на работилницата

Воспоставување на тесно партнерство со економските чинители, институции и провајдери на стручно образование

Идентификување и дефинирање на регионални пилот програми за образование на возрасни

budapest

Секогаш е добро време за учење: Финална конференција од Акциониот план за образование на возрасни

Претставник од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје учествуваше на конференција Секогаш е добро време за учење: Финална конференција од Акциониот план за образование на возрасни (It`s always good time to learn – Final conference on Adult Learning Action Plan), во организација на Европска Комисија, која се одржа во Будимпешта од 7-ми до 9-ти март 2011 година.

budapestЦелта на конференцијата беше да се презентираат активностите кои се направени во претходните три години во областа на образованието на возрасните, согласно Акциониот план, како и да се дадат насоки за следниот Акционен план за образование на возрасни

ohrid

Работилница за подготовка на Оперативните упатства во рамки на проектот „Самовработување 5“ 2011

Од 8-ми до 10-ти март 2011 година во Охрид се одржа Работилница за подготовка на Оперативните упатства во рамки на проектот „Самовработување 5“ 2011, организирана од страна на UNDP Проектната канцеларија. Во Работилницата учествуваше и претставник од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје. Центарот е вклучен во рамки на мерката Обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот и во Програмата за поддршка на Роми.

 

ohridВо 2011 година е предвидено да се реализираат следниве програми од проектот „Самовработување 5“: Програмата Самовработување, Програмата Формализирање на постојните бизниси, Програмата за поддршка за дополнителни вработување во фирми регистрирани преку Програмата Самовработување 2007- 2009 и преку Програмата Формализирање на постојни бизниси 2008-2009, Пилот програмата за мобилноста на работната сила, мерката- Обука за одделни занимања кои се дефицитарни на пазарот на трудот и Програмата за поддршка на Роми.

КОНФИНТЕА 6 во Акција

На 16-ти март 2011 година, во Центарот за конферениции и студии при Народната и универзитетска библиотека, се одржа настанот КОНФИНТЕА 6 во Акција, организиран од страна на Министерството за образование и наука и канцелариите на DVV International во Југоисточна Европа. На настанот учествуваа и претставници од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје.
Во рамки на КОНФИНТЕА 6 во Акција беше отворена дискусија поврзана со „Белемската рамка за акција“, изработена на 6-тата КОНФИНТЕА светска конференција на UNESCO за образование на возрасни (декември 2009 година, Бразил). Документот ги содржи упатствата и препораките за прашањата поврзани со: писмеността на возрасните, политиката, владеењето, финансирањето, учеството, вклученоста, еднаквоста и квалитетот во полето на образованието на возрасните.

102_3215

Почеток на втора фаза за дооформување на средно стручно образование во општина Арачиново

На 12 декември 2011 година во просториите на училиштето “Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ на територија на општина Арачиново започна реализација на втора фаза за дооформување на средно стручно образование на возрасни. Во втората фаза ќе бидат опфатени 263 заинтересирани кандидати за трговска струка, техничар за трговија и маркетинг. Наставата ќе ја реализира наставен кадар од средното училиште на град Скопје „Цветан Димов“.

102_3215

 

По тој повод во просториите на училиштето “Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ свое обраќање пред присутните кандидати имаа градоначалникот на општина Арачиново, г-дин Бастри Бајрами, директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, г-ца Љиндита Ќазими и заменик министерот за образование и наука, г-дин Сафет Незири.

Информативна средба во општина Тетово

Во рамки на твининг проектот: „Поддршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасните, развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица“ на 20-ти декемви 2011 год.во просторите на општина Тетово ќе се одржи состанок со градоначалникот на општината,г-дин Сади Беџети и директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните Линдита Ќазими.Исто така на овој состанок ќе учествуваат претставници на твининг проектот.

 

На состанокот ќе се разговара за унапредување и соработка на ЈУ Центар за образование на возрсасните со надлежните на оделот за образование на општина Тетово,во рамки на трета-та компонента “Развој на програма за описменување и дооформување на основното образование на исклучените лица”.

mavrovo

Соработка меѓу ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и DVV International

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и DVV International (Институт за меѓународна соработка на германски сојуз на народни универзитети – подружница Скопје) потпишаа Меморандум за соработка.

Во периодот септември – декември 2010 година ЈУ Центар за образование на возрасните во соработка со DVV International (Институт за меѓународна соработка на германски сојуз на народни универзитети – подружница Скопје) го реализира Проектот за верификација на програми за образование на возрасни.

Целта на проектот е да се подготви процедура за верификација на програми за образование на возрасните и да се изготват модел програми за образование на возрасни.
mavrovoЈУ Центар за образование на возрасните од 26 до 28 ноември 2010 година организираше Семинар за понудувачи на услуги за образование на возрасните. Учесници на семинарот беа претставници на понудувачите на услуги за образование на возрасните од јавниот и приватниот сектор. На семинарот беа презентирани: активностите и улогата на ЈУ Центарот за образование на возрасните, моменталната состојба на образованието на возрасни во Република Македонија, демографската состојба на населението во Република Македонија и концептот на електронско и далечинско учење и неговата апликација во рамки на системот за образование на возрасните.

Стратегијата за образование на возрасните 2010-2015

Советот за образование на возрасните ја изготви Стратегијата за образование на возрасните 2010-2015. Во овој документ се дефинирани стратешките цели на чија реализација во периодот од 2010 до 2015 година ќе се фокусираат сите заинтересирани страни во сферата на образованието на возрасните.

Соработка меѓу ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и УНДП

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје и УНДП потпишаа Меморандум за разбирање.

ЈУ Центар за образование на возрасните во соработка со УНДП на 30.11.2010 година одржаа презентација на тема: Образование на возрасните- клучен елемент за поефикасен пазар на труд. Свое учество со презентации имаа м-р Светлана Пинева, директор на ЈУ Центар за образование на возрасните и д-р Анжел Атард, меѓународен консултант од Малта, која ги презентираше предложените модели-инструменти полезни за работа на ЈУ Центар за образование на возрасните.

 

Стратегијата за образование на возрасните 2010-2015

Министерството за образование и наука ја донесе Стратегијата за образование на возрасните 2010-2015. Во Стратегијата се назначени следниве стратешките цели, за чија реализација во периодот од 2010 до 2015 година треба да ги фокусираат своите напори сите заинтересирани страни во сферата на образованието на возрасните:

 

  • Зајакнување на системот на образование на возрасните преку развивање на информациско-статистички систем за следење на образовната мобилност на возрасните;
  • Создавање на услови доживотното учење и мобилност да станат реалност;
  • Подобрување на квалитетот и ефикасноста на образованието и обуката на возрасните;
  • Промовирање на рамноправност, социјална кохезија и активно граѓанство;
  • Промоција на образованието на возрасните и културата на учење преку активен пристап во образованието и обуката на возрасните.