Студиска посета во Мадрид, Шпанија

Во рамките на ИПА Твининг проектот се организираше студиска посета  во Шпанија, Мадрид во периодот од 22-27 Ноември 2012, на која учествуваа директорката на ЈУ Центар за образование на возрасни Г-ѓица Линдита Ќазими и дел од вработените во ЦОВ. Целта на студиската посета беше запознавање на шпанскиот систем за образование на возрасни преку посета на значајни институции и организации како што се:

-Министерство за образование (Запознавање со различните сектори и нивните активности)

-Центри за образование на возрасни (Системи на формално основно и средно образование за возрасни , обуки за вработување)

-Агенција за вработување (Создавање и одржување на Државниот регистар на провајдери на обуки )

-Приватен образовен центар за возрасни-Толедо (Валидација на програми и услуги од гледна точка на давателот на услуги)

-Ромскиот Секретаријат (Презентација на програми за социјална вклученост)

-Националниот институт за квалификација INCUAL (Проценка и официјална акредитација на професионални  квалификации)

– Генерален директорат за Насока/Советување и ВЕТ (Насоки на издавање на сертификати и дипломи)

konf

Денови на доживотно учење – 31.10.2012 година

Центар за образование на возрасните во соработка со DVV Internacional во рамките на манифестацијата Денови на доживотно учење организира конференција под наслов – Пат кон подобра иднина. Поканети се претставници од Делегацијата на  Европската Унија во Македонија, Амбасадорот на СР. Германија во Македонија, Претставници од учење, Претставници од центарот за стручно образование од Црна Гора, претставник од Народниот универзитет Кам  СР. Германија, Министерството за образование и наука, Отворените граѓански универзитети за доживотно учење. Во рамките на оваа конференција ќе се оформат  три работилници:

1) “Признавање konfна неформалното образование на возрасни”, ЈУ Центар за образование на возрасни; Љиљана Гариќ, Центар за стручно образование, Подгорица, Црна Гора

2) “Финансирање на образованието на возрасни”, Винфрид Елвангер, Директор на Народен универзитет Кам, СР Германија
3) “Основно образование на возрасни”, Жан-Лук Селие, Постојан советник за твининг, ИПА Твининг проект “Поддршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасни, развој на програми за образование на возрасни и програми за описменување и дооформување на основното образование на исклучените лица”

Студиска Посета во Виена

Делегација на експерти од Македонија за стручно образование и обука

29 – 30 Мај 2012

Директорката на Центарот за образование на возрасните Г-ѓица. Линдита Ќазими ќе присуствува на студиска посета во Виена која ќе се одржи на 29-30 Мај 2012.

Во рамките на посетата на 29.05.’12 директорката на Центарот ќе учествува на тркалезна маса заедно со претсавници од Стручно образование во Австриа,Националната рамка на квалификации,Образование на претприемиштвото,Туризам,претприемништво и посета на Колеџ за обука на наставници.

На 30.05.’12 следуваат следните активности на директорката Г-ѓица. Линдита Ќазими на Центарот за образование на возрасните и тоа:посета на училиштето за бизнис администрација BHAK & BHAS Wien 10,посета на WIFI INTERNATIONAL (Провајдер за меѓународно образование од Австриската федерална Стопанска Комора).

cite

Студиска посета во Париз

Во рамките на ИПА Проектот се организираше студиска посета во Франција,Париз во период од 03-09 Јуни 2012,на која учествуваа Директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните Г-ѓица. Линдита Ќазими и дел од  вработените во центарот.Целта на студиската посета во Франција,Париз беше запознавање на Францускиот систем на образование на возрасните преку посета на значајни институции и организации како што се:

afpa

AFPA Националната асоцијација за професионална обука на возрасните Пречекани од Г-ѓа Изабел Вергнауд директор и Г-дин Патрис Мишел заменик директор.

Посета на делови од обуката на услужниот сектор: туризам,специјализирани секретари и сметководствени менаџери, компјутерски менаџери, тренери за возрасни, професионална интеграција,советници, итн.

Град на науката и индустријата, пречекани од Г-дин Оливер  Лас Вергнас директор. специјализирани советодавни кластери: барање работа, избор на обука, креирање на кариера, напредок за промена на преквалификација, креирање свој бизнис.

cite

 

 

 

 

 

 

 

AFPA (Национална асоцијација за професионална обука на возрасните) Lille

lille

Меѓународен институт за менаџмент, пречекани од  Г-дин Себастиан Леонцел заменик директор за Европски и меѓународни прашања.

cnam

Презентација од страна на Француската градежна федерација FFB, стручна обука за возрасни

ffb

Презентација од Центарот за борба против неписменоста,   во кој обуките се во тек

center

monitoring

Семинар «Стратегијата на ЦОВ за мониторинг на провајдерите»

monitoring

Резиме
1. Цели на семинарот
2. Целна група
3. Логистика
4. Работни документи 

1. Цели на семинарот

Да се презентира алатката за мониторинг на ЦОВ и истата да се дискутира со засегнатите страни

  1. 2. Целна група

Провајдери на обуки кои се верификувани

Провајдери на обуки кои се во процес на верификација или планираат да верификуваат програми

Јавни Институции задолжени за Професионални Обуки и/или заинтересирани за мониторинг

  1. 3. Логистика

Место: Центар за образование на возрасни-Скопје

Датум: Четврток 5-ти July

Време: 10:30 до 12:30

 

10:30-11:00 Презентација на Тwining Проектот и Семинарот
11:00-11:15 Презентација на алатката за мониторинг
11:15 – 12:00 Работилница за мониторинг и АПО (анализи за потребите за обуки)
12:00 – 12:30 Заклучоци и затварање на семинарот
  1. 4. Работни документи

Програма од семинарот

Алатки за мониторинг

Студиска посета во Образовен центар Визнек Бухенбах, СР Германија

ЕВРОПА ВО ФОКУСОТ: ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ КАКО ЗАДАЧА ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИ

Директорката на ЈУ Центарот за образование на возрасните ѓ-ца. Линдита Ќазими ќе присуствува на студиска посета во Образовен центар Визнек, Бухенбах, СР Германија, во период од 1ви – 10ти септември 2012. Домаќин на оваа посета е Покраинската централа за политичко образование на покраината Баден Виртемберг. Програмата ќе се состои од низа предавања на европски образовно-политички теми и посети на различни релевантни институции во околината на Фрајбург и Стразбур.

 

Предавачи:

д-р Карлхајнц Дир, надворешен соработник на Покраинската централа за политичко образование

Уве Берндт, директор за образование, Образовен центар Визнек

Теми на предавањата:

–     „Програмите за источна европа на Фондацијата Баден Виртемберг“ U. Vogelmann, Baden Württemberg Stiftung GmbH

–     “Евроинтеграцијата и политиката денес” M. Grosse Hüttmann, Универзитет Тибинген

–     „Влезот на Македонија во ЕУ, проширувањето кон југоисточна Европа и кризата во ЕУ како теми за образованието на возрасни“ K. Dürr, надворешен соработник на Покраинската централа за политичко образование

–     „Европа конкретно: Конфликт и соработка во германско- францускиот пограничен регион“ Uwe Berndt, обучувач, Меѓународни програми, Образовен центар Визнек

–     „Проширувањето кон југоисточна Европа како планска игра за ЕУ“ M. Behne, Civicus

–     „Македонија пред влезот во ЕУ“ Разговор со почесниот конзул на Р. Македонија, H.Arndt

–     Перспективите на Македонија во ЕУ Gernot Erler, пратеник на Бундестагот, Фрајбург, Заменик претседавач на парламентарната група на фракцијата на Социјалдемократската партија во германскиот Бундестаг

Меѓу другото ќе го посети Советот на Европа во Стразбург, Европскиот парламент Народен универзитет Фрајбург.

Организатори:

Покраинска централа за политичко образование Баден-Виртемберг, Германија

Образовен центар Визнек, Бухенбах кај Фрајбург, Германија

Фондација Фридрих Еберт, Скопје, Македонија

dvv international, Скопје, Македонија

image2

Промоција на прирачници за понудувачи на услуги на образование на возрасни

image2Денес во 28.12.2011 во просторите на Министерство за образование и наука се одржa прес-конференција за промоција на две прирачници:Прирачник за верификација на посебните програми за образование на возрасни и Прирачник за лиценцирање на установи и институции за образование на возрасни.На прес-конференција учествуваа министeрот за образование и наука, г-дин Панче Кралев,директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните,г-ца Љиндита Ќазими и претставник на УНДП,г-ѓа Снежана Мирчевска Дамјановска.

Целта на овие прирачници е да им ги доближи и објасни процесите на верификација на програми и лиценцирање на установи и институции на провајдерите за образование на возрасните.Во првата фаза на верификација ќе се верифицираат само посебни програми за образование на возрасни кои водат кон квалификации, а во втората фаза ќе бидат опфатени и посебни програми за образование на возрасни кои водат кон одредени компетенции. Посебни програми се програми за неформално образование за стекнување на знаења, вештини и компетенции.

Прирачникот за верификација на посебните програми за образование на возрасни, Моделот на посебна програма за образование на возрасни, Барањето за верификација, како и другите документи за верификација на посебните програми за образование на возрасни ќе можат да се најдат на официјалната интернет страница на Центарот:www.cov.gov.mk. Сите дополнителни прашања ќе може да се испратат на mail адресата: contact@cov.gov.mk.

Информативна средба за Твининг проектот

Денес во просториите на Министерството за образование и наука по барање на претставник на Генералниот Директорат за Вработување, г.Камачо ќе се одржи средба со представници од ИПА единица на Министерството за образование и наука, ВЕТ Центарот и ЈУ Центар за образование на возрасни. Предложените точки од дневниот ред се напредокот на Твининг проектот, предлогот за OIS 2010/11 и пристап кон ревизија на 2012/13 OPHRD.

РАБОТИЛНИЦА:„Методологија и алатки за идентификување на тешкотиите на целните групи“

На 21 февруари во просториите на Центарот за образование на возрасни се организираше работилница на тема „Методологија и алатки за идентификување на тешкотиите на целните групи“ . Главните говорници беа францускиот експерт г-дин Жан Кристоф Ralema и шпанскиот експерт г-дин Жозе Лара.

Цел на работилницатаКако да се имплементира методологија за идентификување на неписмените луѓе

  1. Подигнување на свеста за ова прашање
  2. Како да се идентификуваметодологија и примери за алатки за идентификувањеКако да да секонтактираат и мобилизираат возрасните на кои им требаат услуги за описменување?
  3. Анализа за изнаоѓање на решенија коишто би можеле да се иммплементираат за да ги мотивираатнеписмените луѓе повторно да учат.
  4. Како да ја придобиеме поддршката од општата јавностВоспоставување на мрежа која ќе гизастапува возрасните ученици.
  5. Кои се најдобрите начини за десиминирање на програмитеАнализа на територијата и одзивот вооднос на програмите за описменување.

РАБОТИЛНИЦА: „Партнери за проект“

На 21 март, во просториите на Занаетчиска Комора на град Скопје, Твининг Проектот во рамки на Центарот за образование на возрасните организираше работилница на тема:

Партнери за проект
Главни експерти на работилницата беа Г-ѓаКолет Симон  Рамилиен и Г-дин Францис Леви.
  • Пленарен состанок презентација на мисиите на ЦОВ и активностите во склоп на ТВИНИНГОТ
  • Презентација на дневната програма
  • Презентација на студија на случај за партнерство
  • Работни подгрупи: размислување за студијата на случај и адаптирањето на македонската ситуација
  • Повратна информација од двете работни подгрупи.
  • Синтеза и формализирање на соработката

 

  • Пленарен состанок Навраќање на синтезата од утрината и формализирање на елементите од заедничкиот јазик и дискусијата за клучните прашања
  • Инпут од страна на експертите за: ПАРТНЕРИ и ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТ
  • Евалуација, дебати и перспективи за следните чекори
  • Крај на работилницата.