Izbori

Упатства за начинот на постапување за време на изборен процес

Упатство за начинот на постапување на министерствата,другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес Упатство за начинот на постапување

Упатство за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес Упатство за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес

IMG_20170912_100159

Промотивни настани за Еразмус+ проектот „Поддршка на креирање на политиките во образованието на возрасните“

Во ноември 2015 година Центарот за образование на возрасни, како Национален
координатор за имплементација на Европската агенда за образование на возрасните,
го имплементира Еразмус+ проектот „Поддршка на креирање на политиките во
образованието на возрасните“. Овој проект е во рамките на Акцијата на
националните координатори за имплементација на Европската агенда за образование
на возрасните. Како резултат на овој проект изработена e база на податоци
за понудувачите на услуги и програми за образование на
возрасните. Ваквата база ќе овозможи следење на образованието на возрасните и негова поголема достапност до крајните корисници. Во текот на септември ќе се одржат промотивни настани во: Скопје,Тетово, Гостивар, Штип, Струмица и Битола.

2017-09-12 08.40.45 (1)

Оформување на средно стручно образование на возрасни

ЈУ Центар за образование на возрасните во соработка со средни стручни училишта од различни општини започнасо реализација и финансирање на нови генарации во проектот Оформување на средно стручно образование на возрасни лица кои биле исклучени од образовниот процес. Во просториите на Центарот се оствари средба помеѓу директорот на Центарот Љиндита Ќазими и директорите на средни стручни училишта од општина Тетово ССОУ „Моша Пијаде“ Афрдита Даути – Хамити, Општина Чаир СОУГС „Цветан Димов“ Бесник Ајети, Општина Гостивар ОСУ „ Гостивар “ Ибраим Асани, Општина Прилеп СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Жарко, Општина Прилеп СОУ „Орде Чопела“ЕлизабетаТрајковска и СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“заменик директор Весна Дворчанец и Општина Сарај Бедри Гјуреци кои се ангажирани за реализација на овој проект.

Состанокот беше од информативен карактер, беа разменети искуства од предходно завршените генерации. Активностите беа разгледани повторно од начинот на реализација на консултативно-инструктивната наставадо нејзино финализирање.

IMG_20170508_121113

Студиска посета во Финска

Во ноември 2015 година Центарот за образование на возрасни започна со спроведување на Еразмус + проектот за развој на политиките за поддршка во образованието за возрасни. Овој проект е дел од националната имплементација на Агенда план за европско образование на возрасни. Како резултат на овој проект ќе се развие база на податоци која ќе овозможи следење на образованието на возрасните во Република Македонија .

Во рамките на проектот  една од активностите за спроведување на проектот  беше  студиска посета се со цел да се анализираат најдобрите пракси од земјите на ЕУ.

Вработените на  Центарот за образование на возрасни, исто така ангажирани во спроведувањето на проектот реализираа студиска посета на 07-11.05.2017  во Хелсинки, Финска.

Во оваа посета се одржа неколку средби и тоа во Министерството за образование на Финска, каде што беа презентирани образовниот систем во Финска,формално и неформално образование, исто така во голема мера ни помогне презентацијата како се поврзани сите портали на универзитетите,средни и основни училиштата и  институциите за образовние на возрасни  во еден портал и база на податоци и од каде потоа се изработуваат статистички податоци.

Исто така се посетија неколку даватели на услуги за образование на возрасни,добар пример беше “Omnia” еден од  најпознатите провајдери за образование на возрасни во Финска,каде беа презентирани методи на обуки, методи на финансирање на обуки, сертифицирање,валидирање на претходно знаење и др.

rm.ks

Билатерална стручна размена меѓу Р.Македонија и Р.Косово

На 04.05.2017 (четврток) во просториите на Центар за образование на возрасните Скопје,се одржа состанок со цел билатералната стручна размена меѓу Р.Македонија и Р.Косово со Тема: Образованието на возрасни во Република Македонија – Актуелности и предизвици, и во тој контекст колегите од Косово слушнаа повеќе за нашата институција, нашата работа и придонес на полето на образованието на возрасните во РМ,овој состанок беше еден од активностите од семинар организиран од DVV International и Центар за доживотно учење-Скопје.

qarr2017

Консултативна средба за нацрт анализата Примери за валидација на неформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ и препораки за Македонија“

Во рамките на соработката меѓу Центарот за образование на возрасните со Центарот за доживотно учење, а со финансиска поддршка од DVV International  од Германија, изготвена е компаративна анализа „Примери за валидација нанеформално образование на возрасни и информално учење од земји од ЕУ ипрепораки за Македонија“. Целта на оваа анализа е да придонесе кон развојот на системот за валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ), систем кој Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука го развиваат во соработка со Европската тренинг фондација од Торино.

По тој повод, Центарот за образование на возрасните и Центарот за доживотно учење организираат консултативна средба на која што ќе биде презентирана Анализата и ќе се дискутира за актуелни прашања поврзани со процесот на ВНИУ во Македонија.

Средбата ќе се одржи на 25.01.2017 година,а ќе ја отвори директорката на Центарот за образование на возрасните ЉиндитаЌазими.

sov2020-1

СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ 2016-2020

Експертски тим во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на доживотното учење преку модернизација на системите за стручното образование и обука и образование на возрасните“, во соработка со Центарот за образование на возрасните и во консултација со социјалните партнери, невладините организации и релевантни чинители во областа на образованието на возрасните изготви нацрт-верзија на Стратегијата за образование на возрасните. Со зел заокружување на процесот на јавна расправа, пред да биде финализирана нацрт-верзијата на Стратегијата ја презентираме  на пошироката јавност. Ве молиме Вашите мислења и коментари да ги доставите до Маријана Матаке, клучен експерт за доживотно учење и образование на возрасните, на следната адреса: mariana.matache@britishcouncil.org.mk најдоцна до 27.01.2017 година.

Документот:

ae_strategy_mk_final

15224814_10207871722255014_1917820607_o

Конференција „Како да се направи учењето видливо: Стратегии за имплементација на валидација на неформално и информално учење„

На конференцијата учествуваа повеќе од 200 еминентни претставници од различни институции и организации од Европа, вклучувајќи ги креаторите на политики, експерти кои работат на спроведување на процесите на валидација, истражувачи и други чинители. Конференцијата се одржа во Солун, Грција, 28 и 29 Ноември 2016 година, а беше организирана од страна на Цедефоп.

Целта на оваа конференција беше да се споделат искуства поврзани со процесот на валидација на неформалното и информалното учење, за кои повеќето учесници се согласија дека е еден од приоритетите за намалување на невработеноста, подобрување на квалификациите на возрасните и зголемување на квалитетот на живот.

Како главни теми на конференцијата беа:

  • Валидација на мигранти
  • Валидација за невработените или оние кои се во ризик да станат невработени
  • Валидација за ниско- квалификувани возрасни
  • Валидација за вработени

На конференцијата зедоа учество пет претставници од ЈУ Центар за образование на возрасните и двајца претставници од Центар за доживотно учење.

mostar

„ Градиме мостови за образование на возрасните”

Втора Меѓународна Конференција „ Градиме мостови за образование на возрасните” се одржуваше во Мостар, Босна и Херцеговина, во период од 20 до 23 октомври 2016, од страна на DVV – internacional BON, во рамки на пројектот „ Развој на образованието на возрасните во Југоисточна Европа ”.

Целта на оваа конференција беше преглед на моменталната состојба на системот за образование на возрасните, со фокус на дефинирање на приоритетите за следниот период.

Овој настан за прв пат се организираше во Љубљана во 2015 година од страна на Андрагошки центар во Љубљана, 2016 беше во Мостар, Босна и Херцеговина, а за 2017 година организатор на настанот ќе биде Р. Македонија.

Делегацијата од Македонија беше составенаод членовите на институциите: ЈУ Центар за образобание за борасните, Центар за доживотно учење и од Филозофски Факултет

mon

“Përforcimi i mësimit gjatë gjithë jetës nëpërmjet Modernizimit të Arsimit Profesional dhe Trajnimit dhe Edukimit në sistemin e Arsimit për të rritur”

Me datë 21.09.2016 drejtoresha e QARr z-a Lindita Qazimi do të marë pjesë në prezentimin e projektit   ” Përforcimi I mësimit gjatë gjithë jetës nëpërmjet Modernizimi të Arsimit Profesional dhe Trajnimit dhe Edukimit në sistemin e Arsimit për të rritur” I cili do të mbahet në Holliday In,ku të pranishëm do të jenë Ministri i Arsimit dhe Shkencës, z. Pishtar Lutfiu, Shefi i Operacioneve të Delegacionit të Bashkimit Evropian, z. Nicola Bertolini, ambasadori i Mbretërisë së Bashkuar, z. Charles Garrett dhe Ambasadori i Republikës Federale të Gjermanisë, z-a Christine D. Althauser,kurse prezentimi I projektit do të bëhet nga Udhëheqës i Ekipit të Projektit /z. Stephan John dhe, znj. Mariana Matache.

 Objektivi i përgjithshëm I këtij projekti është të kontribuojë në forcimin e një sistemi gjithëpërfshirës dhe të integruar të arsimit gjatë gjithë jetës,sistem me fokus në Arsimin dhe Aftësimin Profesional dhe Arsimin e të Rriturve, si dhe një lidhje dinamike midis arsimit dhe ndryshimet në sferën sociale dhe në tregun e punës.

Gjithashtu znj.Lindita Qazimi në të njejtën ditë 21.09.2016 në zyrat e Qendrës për arsimin e të rriturve Shkup,do të pres në takim Drejtorin Rajonal për Kaukaz dhe Turqi të DVV Internacional z. Matthias Klingenberg ku do të prezantoj  bashkëpunimin dhe partneritetin si dhe projektet në vazhdim për zhvillimin e arsimit të rriturve në R.e Maqedonisë.