Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за миење, сушење, собирање и плетење на коса во плетенки, како и за основните техники на фенирање, боење, бланширање, шатирање, минивал, шишање на кратка, средна и долга коса како и правилно користење на фризерскиот алат, прибор и препарати.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат за Фризер за жени. По завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да подготвува, организира и извршува работни задачи; рационално да користи материјали, опрема и време; да комуницира со корисниците на услугите; да ги чисти и дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува; да го подготвува клиентот за обликување на фризурат; обликува и негува коса и скалп; да комбинира и обликува производи за коса; да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за ни.
Времетраењето е 4 (четири) месеци или 55 дена или 190 часа вкупно.