Фризер за жени – надградба на коса и перикерство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Фризер, за вештините на надградба и перикерство на женската коса.

Времетраењето на програмата е 240 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку четири (4) тематски единици:

  1. Прием на клиенти во салон, организирање на работата во салонот и одржување на работниот алат и опрема
  2. Надградба на коса
  3. Перикерство
  4. Миење, третирање и нега на перикерски производи

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фризер за жени – надградба на коса и перикерство“

Теоретската и практичната обука ќе се реализира во фризерски салон, во простории опремени со соодветни фризерски алати и опрема. Реализацијата на обуката преку практични вежби, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни фризерски работи и соработувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Фризер за жени – надградба на коса и перикерство”.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

  • врши прием на клиенти и да ја организира работата во салонот
  • правилно користи и одржува опрема, алатки и апарати
  • проверува состоја на коса и скалп
  • врши надградба на коса со примена на различни техники
  • врши изработка на перикерски производи
  • применува перикерски производи при изработки на фризури

применува техники на миење, третирање и нега на перикерски производи

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено основно образование. Кандидатите треба да бидат постари од 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

168

Оценување

24

Вкупен број на часови

240

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

  • врши прием на клиенти и да ја организира работата во салонот
  • правилно користи и одржува опрема, алатки и апарати
  • проверува состоја на коса и скалп
  • врши надградба на коса со примена на различни техники
  • врши изработка на перикерски производи
  • применува перикерски производи при изработки на фризури

применува техники на миење, третирање и нега на перикерски производи

Датум на верификација

31/07/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content