Управување и развој на човечки капитал

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата за “Управување и развој на човечки капитал” е учесникот да стекне знаење,вештини и практичен пристап преку работа на менторски принцип и можност на учесникот да биде дел  од успешната мрежа на професионалци  во областа на Човечките ресурси во Македонија. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.

 

Начин на реализација

 

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на Управување и развој на човеков капитал, ресурси, сертификат  и лична препорака.

 

Модули на програмата

 

Програмата „Управување и развој на човечки капитал“ е сочинета од 9 модули:

–       Стратешки менаџмент на Човечки ресурси

–       Регрутација и селекција

–       Правни аспекти

–       Мотивација на вработени и задоволство од работа

–       Развој на вработени

–       Плати,наградување и финансиски аспекти

–       Мерење и евалуација на работната изведба и учинок

–       Ревизија на процесот за човечки ресурс и Систем/софтвер за човечки ресурси

–       Англиски за професионалци од областа на управување со човечки ресурси

 

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Секоја наставна единица е поткрепена со специјално практични, индивидуални и тимски задачи, како и дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнис опкружувањето.

 

 

Времетраење

 

Времетраењето на програмата е 180 наставни часа, од кои 81 часа се теоретска обука, 90 часа практична обука и 9 часа се наменети за оценувањето и предвиденото полагање.

 

Просторни услови

 

Наставата се одвива во специјализирана предавална со потребна опрема за извршување на практични, индивидуални и и тимски задачи.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

– Да изготви и да ажурира рамки за мерење на успешноста на HR функцијата во извршување на бизнис стратегијата

– Да анализира и напише профили за кандидатите и огласи во процесот на регрутација и селекција

–  Да го анализира Законот за работни односи и останатите релевантни закони

– Да ги подготви и води Досиејата на вработените;

– Да знае самостојно да постават Анкета за испитување на задоволството од работа, да ја евалуира и резултатите да го претворите во акции;

– Да работи на одржување и промовирање на организациската култура, нејзина комуникација во самата компанијата и надвор од неа креирајќи притоа соодветна подлога за креирање на лојалност и привлекување на таленти.

–  Процени трошок и да ја знае вредноста на различните методи за развој;

– Дефинира индивидуален план за развој на вработените според потребите;

– Да аргументира состав и динамика на дополнителни награди;

– Умее да дизајнира и да спроведе процес на дефинирање на клучните бенефиции и специфични компетенции.

– Биде во состојба да аргументира примена на различни модели на човечки ресурси во конкретното работно опкружување;

– Знае да направат процена на потреба од ревизија и информативен систем за човечки ресурси, да ги дефинира барањата и да постават критериуми за избор на понудувач.

– Има зголемено ниво на самодоверба за употреба на вокабулар поврзан со човечки ресурси

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Слушатели на возраст над 18 години со завршено најмалку средно образование и кои поседуваат Уверение за познавање на англиски јазик или соодветна диплома.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

81

Пракса

90

Оценување

9

Вкупен број на часови

180

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

– Да изготви и да ажурира рамки за мерење на успешноста на HR функцијата во извршување на бизнис стратегијата

– Да анализира и напише профили за кандидатите и огласи во процесот на регрутација и селекција

–  Да го анализира Законот за работни односи и останатите релевантни закони

– Да ги подготви и води Досиејата на вработените;

– Да знае самостојно да постават Анкета за испитување на задоволството од работа, да ја евалуира и резултатите да го претворите во акции;

– Да работи на одржување и промовирање на организациската култура, нејзина комуникација во самата компанијата и надвор од неа креирајќи притоа соодветна подлога за креирање на лојалност и привлекување на таленти.

–  Процени трошок и да ја знае вредноста на различните методи за развој;

– Дефинира индивидуален план за развој на вработените според потребите;

– Да аргументира состав и динамика на дополнителни награди;

– Умее да дизајнира и да спроведе процес на дефинирање на клучните бенефиции и специфични компетенции.

– Биде во состојба да аргументира примена на различни модели на човечки ресурси во конкретното работно опкружување;

– Знае да направат процена на потреба од ревизија и информативен систем за човечки ресурси, да ги дефинира барањата и да постават критериуми за избор на понудувач.

– Има зголемено ниво на самодоверба за употреба на вокабулар поврзан со човечки ресурси

Датум на верификација

28/05/2020

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content