Рецепционер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на работењето во хотелските објекти, техниката на работење на приемното одделение во објектите за сместување – рецепциската служба во сместувачките објекти и да се оспособат за нејзина практична примена.

Рецепционерот извршува работни активности во сместувачките објекти поврзани со прием, сместување и испраќање гости. Прима и реализира резервации за индивидуални гости и групи, калкулира и наплатува услуги. Во рамките на овие работни задачи, ракува со собните клучеви/картици, се грижи за багажот и вредните предмети на гостите и врши менувачки работи. Исто така, информира, советува и презентира угостителска понуда и услуги, резервира вонпансионски услуги во угостителскиот објект, подготвува различни видови прегледи и евиденции за тековното работење. Интегрира угостителски узанси во работењето, комуницира со гостите и деловните партнери на два светски јазици и решава конфликтни ситуации и тековни проблеми. Обезбедува и осигурува безбедни услови за работа. Работи самостојно на извршување на работните задачи, поседува претприемачки вештини и има способност за тимска работа.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку средно образование

Возраст над 18 години, да биде во добра здравствена состојба, подготвеност за работа во смени, подготвеност за работа за време на викенди, државни и верски празници, познавање на странски јазик, работа со компјутери.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

8

Вкупен број на часови

80

Датум на верификација

04/11/2019

-

Бармен

Сомелиер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content