Ракувач на дигалки

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач на дигалки на учесниците во програмата им овозможува да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со дигалките на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како „Ракувач на дигалки“.
Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 250 часа и тоа 60 часа се за теоретска обука, 190 часа се за практичнао бука во работилница, погон или реални работни услови од кои 28 часа се наменети за оценување.
Теоретскатаобука ќе се одвива во училница –кабинет. Практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија, каде учесниците во програмата ќе бидат под водство на ментор вработен во компанијата.
Учесниците кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со дигалки, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе се грижат како за сопствената безбедност така и за безбедноста на другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со дигалки, како што се: ракување и управување со дигалки при изведба на работи– подигнување и пренесување на товар во хали и на терен; ги користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, развива свест за превентивно одржување на дигалките во исправна состојба.
По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Ракувач на дигалки“

Верификацијата истекува во мај 4, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование
Возраст над 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

190

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

04/05/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content