Ракувач на виљушкар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за образование на возрасни „ракувач на виљушкар“ овозможува работно оспособување на кандидатите за квалитетно извршување на работните задачи на ракувач на виљушкар. Со успешно завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
• Ја планира и ја подготвува манипулацијата на стоката со виљушкарот
• Врши контрола на исправноста на виљушкарот
• Управува со гасните, моторните и со електричните виљушкари
• Ја преместува стоката од едно до друго место
• Ги одржува во исправна состојба виљушкарите
• Ги препознава својствата на материјалите што ги транспортира
• Ги чита ознаките на амбалажата на стоката
• Ги почитува правилата за заштита при работа
• Ги почитува правилата и прописите во внатрешниот транспорт
• Комуницира со соработниците и претпоставените
• Ги користи компјутерската опрема и програмските алатки
• Ги заштитува работната и животната средина
Времетраењето на програмата е вкупно 250 часа, од кои 75 часа се теоретска настава и 175 часа се практична обука. Во рамките на теоретската и практичната обука учесниците ќе имаат и часови наменети за оценување на постигањата.Структурата на програмата за ракувач на виљушкар е следна:
• стручно-теоретски дел,
• практична работа и
• оценување и проверка на постигнувањата на кандидатите (завршен испит).
Теоретската настава се реализира во училницa соодветно опремена со современи наставни помагала.Практичната настава се реализира во реални услови – компанија.
Третиот дел од програмата за ,, Ракувач на виљушкар,, е оценувањето и проверка на постигнувањата на кандидатите или завршниот испит кој ќе се реализира во два дела – првиот теоретски знаења (писмен тест), вториот практични знаења (практично ракување со виљушкар).
По завршување на секој модул следи проверка на знаењето а на крајот од обуката се полага завршен испит.
По успешното завршување на обуката кандидатите ќе се стекнат со сертификат „ракувач на виљушкар“

Верификацијата истекува во јули 8, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

• Возраст минимум 18 години
• Завршено средно образование
• Возачка дозвола „Б“ категорија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

175

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

08/07/2022

Велес

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content