ПОМОШНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето Помошник за здравствена грижа, со кои ќе може да: користи одредени методи и техники за асистирање при физиолошка потреба на болен, спроведува лична хигиена и природна исхрана на болниот, подготвува, асистира при активна и пасивна исхрана, подготвува материјал за болничка постела и болничка облека, местење и менување на болничка постела и облека, става болен во правилна и удобна положба и презема мерки за спречување на последиците од продолжено лежење, одржува на ред и чистота на непосредната околина на болниот, дава помош во извршувањето на физиолошките функции, учествува во процес на санитарен прием и постапка со леш, придружува болни при транспорт до медицинска установа, дијагностички тестови и прегледи, превзема постапки за заштита и спречување на пренос на инфекции при работа, применува основни постапки при витално загрозувачки состојби, применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 175 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во медицински установи. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во здравствената институција.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.

Верификацијата истекува во мај 3, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот во програмата не е потребно да поседува претходни знаења, вештини и компетенции, да е со завршено најмалку основно образование и да е на возраст над 17 години.
Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

175

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

03/05/2022

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content