ПАРАМЕДИК – ДАВАТЕЛ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето Парамедик – Давател на итна медицинска помош, со кои ќе може да се зачува животот на повреденото лице преку отстранување на причината која може да доведе до смрт (престанок на дишењето, престанок на работата на срцето, крварење, состојба на изгубена свест, состојба на шок), да се спречат можните компликации, да се намали болката и стравот и да се подобри општата состојба на повредениот, да користи професионални апарати и препарати, применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, познава права и обврски од работен однос.
Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 75 часа теоретска обука, 175 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач, а практичната обука ќе се реализира во медицински установи. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Парамедик – Давател на итна медицинска помош“.

Верификацијата истекува во март 14, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот во програмата не е потребно да поседува претходни знаења, вештини и компетенции, да е со завршено најмалку средно образование и да е на возраст над 17 години. Пожелно ниво на образование е завршено средно стручно образование во траење од четири години од здравствена струка.
Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

175

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

14/03/2022

Штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content