Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и др. причини, се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе како и предлагање на мерки за одржливост на домовите. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.
Програмата е составена од 5 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:
- Помага во одржување на домот;
- Помага на старите лица во секојдневните активности;
- Применува основни здравствени и ергономски правила и процедури;
- Овозможува психолошка и социјална поддршка на старите лица и применува правна заштита.
- Предлага мерки за одржливост во домовите
Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во домови за сместување, дневен престој на стари лица или нега во домашни услови.
Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 90 часа часа се теорија, 180 часа припаѓаат на практична обука и 30 часа се наменети за оценување.
Периодот на реализација на Програма „Негувател/ка на стари лица“ е 4 месеци.
По успешно завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат „Негувател/ка на стари лица“.