Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.

Програмата е составена од 3 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:

  1. Работи ефективно, комуницира и дава психо- социјална поддршка
  2. Помага во домот на стари и немоќни лица и лица со попреченост
  3. Негува и помага во унапредување на здравје и заштита од болести

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет. Практичната обука на работно место се изведува во домови за сместување  на стари лица или други установи и институции (20 часа).

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 115 часа се теорија, 135 часа припаѓаат на практична обука.

Периодот на реализација на Програмата  е 3 месеци.

По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат „ Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и над 18 годишна возраст.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

115

Пракса

135

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

28/05/2020

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content