Келнер во угостителски објект

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за послужување на храна и пијалоци во угостителски објекти, како и правилно користење на опремата и инвентарот.  Покрај основните работни задачи, учесниците ќе се обучат и како да ги подготвуваат и расчистуваат површините за послужување на храна и пијалоци, да ги применуваат прописите за одржување на хигиена и заштита при работа и да ги почитуваат ХАССАП прописите.

Програмата ќе се реализира во времетраење од 180 часа.

Теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 40 часа а  учесниците ќе се стекнат со основни познавања за  намирниците кои се користат во угостителските објекти, основите на хигиената, основи на послужување на храна и пијалоци, основи на странски јазик во струката и заштита при работа.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 120 часа и ќе се спроведува во угостителски објекти или соодветно опремени училници/кабинети.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење а по завршувањето на практичната обука следи завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците ќе се стекнат со сертификат „Келнер во угостителски објект“. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

 

  • планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
  • одржува хигиена на работно место, простор,прибор и опрема
  • води дневна документација во угостителски објект
  • организира и сервира ресторанска маса;
  • користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
  • применува правила при послужување на специјални јадења;
  • применува правила при послужување на различни видови дневни оброци;
  • послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување;
  • применува правила за сервирање на маси за свадба;
  • презентира гастрономски правила пред гостинот;
  • познава винска карта, предложува соодветно вино и го послужува
  • познава основни карактеристики на оброците од менито;
  • применува правила на деловна комуникација во угостителството;
  • применува основна комуникација на странски јазик
  • пречекува, сместува и испраќа гости
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина;

издава и наплатува сметка за извршената услуга

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

120

Оценување

20

Вкупен број на часови

180

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

 

  • планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
  • одржува хигиена на работно место, простор,прибор и опрема
  • води дневна документација во угостителски објект
  • организира и сервира ресторанска маса;
  • користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците;
  • применува правила при послужување на специјални јадења;
  • применува правила при послужување на различни видови дневни оброци;
  • послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување;
  • применува правила за сервирање на маси за свадба;
  • презентира гастрономски правила пред гостинот;
  • познава винска карта, предложува соодветно вино и го послужува
  • познава основни карактеристики на оброците од менито;
  • применува правила на деловна комуникација во угостителството;
  • применува основна комуникација на странски јазик
  • пречекува, сместува и испраќа гости
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина;

издава и наплатува сметка за извршената услуга

Датум на верификација

12/08/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content