Дизајнер на облека во 3D – основно ниво

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цел на спроведување на програмата Дизајнер на облека во 3Д – прво ниво е стекнување на знаење за користење на дигитални технологии за развој на моден производ. Глобална тенденција во развој на текстилната индустрија е воведување на дигитални технологии како решение за унапредување на работењето. Текстилниот сектор е еден од носечките сектори кој обезбедува девизни приливи во Р.С.Македонија. Потребата од воведување на оваа програма е наметната од потребата за трансформирање на традиционалното работење со воведување на дигитални технологии се со цел да се задоволат потребите на пазарот и новиот начин на деловно работење.
Учесниците ќе се стекнат со знаeње за основните работни активности за развој на 3Д моден производ преку три модуларни единици. Во рамки на првиот модул ќе се стекнат со потребните знаења за следење на модни тенденции, изработка на модна скица, знаења за работни постапки во изработка на еден модел, потребни ресурси за изработка на истиот. Првиот модул е подготвителен за во вториот модул да се стави акцент на знаењата за кројните делови, начин на нивно поврзување и распознавање на симболи и мерки од табела за мерки на моден производ. Во вториот модул од програмата учесникот ќе се стекне со знаења на сите алатки кои се составен дел од софтверско решение за креирање на 3Д моден производ и начинот на користење на истите. Користење на алатки за изработка на кројни делови во 2Д, пренос на истите во 3Д, поврзување на кројни делови, уредување на истите, скенирање на ткаенина, уредување на дигитална ткаенина и аплицирање на истата на 3Д моден производ. Третиот модул е завршен од програмата во кој учесникот ќе се стекне со знаење за администрирање т.е. евидентирање на работните активности, начин на одржување на работното место и интерна и екстерна комуникација поврзана со работни активности.
Вкупно времетрање на програмата е 180часа од кои 60часа теоретска настава и 120 часа практична настава.

По успешно изучување на програмата учесникот ќе се стекне со Сертификат – Дизајнер на облека во 3D – основно ниво

Верификацијата истекува во јануари 27, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 17 годишна возраст, минимум средно четиригодишно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

70

Пракса

120

Оценување

Вкупен број на часови

190

Датум на верификација

27/01/2022

Штип

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content