Готвач гастрном – основно ниво

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Готвач гастроном – основно ниво е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во ресурси, опрема за настава и учење (точка 7)
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за Готвач гастроном – основно ниво е следна:

• стручно-теоретски дел,
• практична работа и
• проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во просториите на установата/институцијата за образование на возрасните и/или во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професорите од установата/институцијата за образование на возрасните и/или професори ментори или готвач со повеќегодишно работно искуство.
3. Третиот дел од програмата за “Готвач гастроном – основно ниво” е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Готвач гастроном – основно ниво.
Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Навршени 15 години старост

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

67

Пракса

113

Оценување

Вкупен број на часови

180

Датум на верификација

10/02/2021

Скопје

Слаткар-гастроном

Келнер гастроном

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content