Бравар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука на бравар претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.

Главна цел е учесникот по завршување на програмата да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  извршување на браварски работи како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место, да организира сопствената работа, да организира простор и работа во работилница, рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на останатите вработени, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.

Содржините од програмата ќе се  реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на браварството во кабинети опремени со потребниот алат,пробор  и опрема.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 180 часа со следниве модули:

-Техничка документација

-Технички материјали

-Елементи за врска во машинството со техничка механика

-Технологија на браварство и практично оспособување

-Бизнис и претприемништво

По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе  се стекнат со сертификат за работна оспособеност за бравар со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето бравар.

 

Програмата за обука  за занимањето бравар претставува посебна прогарма за стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 180  часа).

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

-ја организира својата работа;

-чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;

-анализира работна и техничка документација;

-разликува и применува машинските материјали;

-дефинира работни чекори, средства и методи на работа;

-подготвува  апарати, алат и прибор за работа;

-разликува структурни промени во материјалот по процесот обработка;

-користи различни технолошки постапки за обработка;

-изведува браварски работи во технолошкиот циклус;

-изработува делови и едноставни конструкции од метални профили, цевки и подебели лимови;

-применува прописи за заштита при работа;

-врши контрола на точност и квалитет на изработка ;

-изработува сопствен бизнис план.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:

-Завршено минимум основно образование.

-Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

36

Пракса

126

Оценување

18

Вкупен број на часови

180

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

-ја организира својата работа;

-чита едноставни конструктивни цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;

-анализира работна и техничка документација;

-разликува и применува машинските материјали;

-дефинира работни чекори, средства и методи на работа;

-подготвува  апарати, алат и прибор за работа;

-разликува структурни промени во материјалот по процесот обработка;

-користи различни технолошки постапки за обработка;

-изведува браварски работи во технолошкиот циклус;

-изработува делови и едноставни конструкции од метални профили, цевки и подебели лимови;

-применува прописи за заштита при работа;

-врши контрола на точност и квалитет на изработка ;

-изработува сопствен бизнис план.

Датум на верификација

24/06/2019

-

Куманово

Заварувач

Бравар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content