Негувател/ка за стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата за негувател/ка за стари и немоќни лица е работно да ги оспособи учесниците за стручно давање на услуги за грижа, нега и психо – социјална поддршка на стари и немоќни лица со различна здравствена состојба во здравствени и социјални установи за стари лица или слични форми на социјална заштита каде овие лица престојуваат. Ова е специјализирана програма каде учесниците ќе ги стекнат потребните компетенции преку теоретскиот и практичниот дел на посебната програма.

Програмата е со времетраење од вкупно 250 часа од кои има предвидено часови за теоретска интерактивна обука, практична обука која ќе се одвива преку вежби и активности во старски домови под менторство на негувателки, болничарки или медицински сестри кои завршиле работилница за едукатори. Распределбата на часовите ќе ја следи процентуалната застапеност на теоретски дел, практичен дел и дел за проверка на знаењата.  Преку практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на учесниците за практична примена на знаењата стекнати во теоретската настава и дефинирана со курикулумот, давање професионална и соодветна нега и психо-социјална поддршка на старите и немоќни лица во здравствени и социјални установи или во домашни услови. Теоретскиот дел од наставата ќе се реализира во работните простории на Центарот за семејна медицина. Наставниот кадар кој ќе ја остварува наставата ќе ги следи пропишаните норми според Правилникот за стандарди, простор и опрема на ЦОВ.

Проверката на знаења ќе ги следи правилниците на ЦОВ, па следствено ќе постои писмено оценување, усмено оценување и практична изведба.

Учесниците во оваа програма кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат „Неговател/ка за стари и немоќни лица “

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата, учесникот ќе се оспособи да:

– професионално и етички работи, согласно регулативни и правни кодекси, почитувајќи ги правата на пациентите,
– препознава и одговара на морални / етички дилеми и прашања во секојдневната грижа за стари лица.
– ефективно комуницира: со пациенти, семејства и социјални групи, здравствени соработници.
– познава начин на соопштување лоша вест на старо и изнемоштено лице и членови на семејство
– ефективно комуницира со дементни лица
– му овозможува на старите и изнемоштени лица и нивните семејства да ги изразат своите грижи, верувања, желби, да може соодветно да одговорат, како и соодветно да дејствуваат со цел спречување злоупотреба.
– препознава анксиозност, стрес и депресија
– препознава и применува комуникациски техники за промовирање на благосостојбата на старите и изнемоштени лица
– користи холистички, толерантен, неосудувачки и чувствителен начин во секојдневната грижа, водејќи сметка за почитување на правата, верувањата и желбите на старите лица.
– развива свесност за постоење на различни улоги, одговорности и функции на медицински и немедицински кадар.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  1. Наполнети 18 години
  2. Копија од диплома за завршено мин средно образование – 3 години
  3. Лекарско уверение за психофизичка способност

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

150

Оценување

25

Вкупен број на часови

250

По завршување на програмата, учесникот ќе се оспособи да:

– професионално и етички работи, согласно регулативни и правни кодекси, почитувајќи ги правата на пациентите,
– препознава и одговара на морални / етички дилеми и прашања во секојдневната грижа за стари лица.
– ефективно комуницира: со пациенти, семејства и социјални групи, здравствени соработници.
– познава начин на соопштување лоша вест на старо и изнемоштено лице и членови на семејство
– ефективно комуницира со дементни лица
– му овозможува на старите и изнемоштени лица и нивните семејства да ги изразат своите грижи, верувања, желби, да може соодветно да одговорат, како и соодветно да дејствуваат со цел спречување злоупотреба.
– препознава анксиозност, стрес и депресија
– препознава и применува комуникациски техники за промовирање на благосостојбата на старите и изнемоштени лица
– користи холистички, толерантен, неосудувачки и чувствителен начин во секојдневната грижа, водејќи сметка за почитување на правата, верувањата и желбите на старите лица.
– развива свесност за постоење на различни улоги, одговорности и функции на медицински и немедицински кадар.

Датум на верификација

13/06/2019

-

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content