МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Масер за козметичка масажа” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 90 часа.

Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира лице со работно искуство.

Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,подготвува работно место и  клиент за третман, спроведува третмани на масажа на тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на

кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата

во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит..

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Масер за козметичка масажа”.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст однајмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

60

Оценување

Вкупен број на часови

90

Датум на верификација

19/12/2019

Скопје

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content