Заварувач-рачно електролачно и пламенско

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за Заварувач и истата е со тромесечно времетраење, односно 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во браварско – заварувачко работилница.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја планира и организира работата, ги подготвува работното место, уредите и мерните алат и прибор, да ги проверува, приспособува и одржува опремата, уредите и средствата што се користат во работата, да обезбедува квалитет на услугите и извршените работи, да комуницира со соработниците и клиентите, да почитува деловни принципи, да ги врши заварувачките и репаратурните работи според постапките на заварување рачно електролачно и пламенско заварување, да ги обезбедува потрошните материјали во зависност од процесот на работа, да ги обработува работните налози и техничката документација потребна за извршување на работните задачи, да користи стручната литература и упатства за квалитетно извршување на работата, да ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, да ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис. По завршувањето на програмата учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Заварувач рачно електролачно и пламенско

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за изведување на работи и работни задачи Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување), ќе ги проверува, приспособува и одржува опремата, машините, уредите и средствата што ги користи во работата, да обезбедува квалитетни услуги и извршени работи, да комуницира со соработниците и клиентите, ќе почитува деловни принципи, ќе изведува заварувачки и репаратурни работи според постапките на заварување рачно електролачно и пламенско заварување, ќе обезбедува потребни основни и потрошни материјали во зависност од процесот и постапката на заварување, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос. Основи за отварање и водење на сопствен бизнис.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

64

Пракса

224

Оценување

32

Вкупен број на часови

320

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за изведување на работи и работни задачи Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување), ќе ги проверува, приспособува и одржува опремата, машините, уредите и средствата што ги користи во работата, да обезбедува квалитетни услуги и извршени работи, да комуницира со соработниците и клиентите, ќе почитува деловни принципи, ќе изведува заварувачки и репаратурни работи според постапките на заварување рачно електролачно и пламенско заварување, ќе обезбедува потребни основни и потрошни материјали во зависност од процесот и постапката на заварување, ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос. Основи за отварање и водење на сопствен бизнис.

Датум на верификација

22/04/2019

Тетово

ФРИЗЕР

ЗАВАРУВАЧ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content