На 8-ми и 9-ти март директорката на Центарот за образование на возрасните, Линдита Ќазими, учествуваше на работилницата за организационо јакнење и стратешко планирање на активностите на Центарот за доживотно учење. Со цел да се постигне јасна цел за позицијата на Центарот во 2020 година, во рамките на работилницата беше анализиран целокупниот досегашен  развој на образованието на возрасни во Република Македонија и  улогата на DVV International, односно Центарот за доживотно учење, во истиот.  Во процесот на планирање на идните цели беа земени во предвид сите тековни трендови кои влијаат на образованието на возрасни во Република Македонија, како и идните планови и стратегии на национално ниво во оваа област.

Со цел да се утврди улогата на Центарот за доживотно учење, како еден од клучните партнери во целокупниот систем на развој на образованието на возрасни во Република Македонија, на работилницата учествуваа и други претставници од Центарот за образование на возрасните, како и претставник од Отворениот граѓански универзитет Јошка Свештарот од Струмица.

Работилницата ја водеше германскиот експерт Јохен Тепфер,а истата беше поддржана од страна на DVV International.

Leave a Reply