Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, г. Беким Мурати, потпиша меморандум за соработка со директорката на ЈУ Центар за образование на возрасните, г-ѓа Аделина Алији.

Со овој меморандум се дефинираат активностите за зајакнување и продлабочување на меѓусебната професионална соработка на двете институции.