Република Северна Македонија

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

 Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 02.12.2022 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука(пријава)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3 Обука за побарувани занимања, во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

  1. Негувател/ка на стари и немоќни лица – Скопје, Тетово, Штип, Битола, Кочани;
  2. Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Прилеп, Велес, Радовиш, Делчево, Крива Паланка;
  3. Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест – Скопје, Штип, Прилеп, Неготино;
  4. Асистент за нега на лица со мултиплекс склероза – Штип, Скопје, Прилеп;
  5. Маникир – Струмица, Скопје, Тетово, Битола, Штип;
  6. Фризер – Скопје, Куманово, Тетово, Штип;
  7. Козметичар – Скопје, Тетово, Битола;
  8. Шминкер – Скопје, Штип, Струмица;
  9. Масер – Скопје, Тетово, Штип;
  10. Слаткар – Скопје, Битола;
  11. Готвач – Скопје;
  12. Пекар – Скопје;
  13. Дигитален маркетер – Скопје;
  14. Оџачар – Штип, Струмица;
  15. Столар за изработка на мебел – Тетово;
  16. Бравар – Тетово, Неготино;
  17. Металостругар – Тетово, Битола;
  18. Оператор/Ракувач на ЦНЦ машини – Тетово;
  19. Заварувач –Тетово, Неготино;
  20. Автомеханичар – Скопје, Тетово;
  21. Службеник за сметководство – Скопје, Тетово, Битола, Штип, Кавадарци, Куманово;
  22. Монтер за греење, ладење и климатизација – Скопје;
  23. Монтер и сервисер на фотоволтаични панели – Штип;
  24. Заварувач – Штип;
  25. Оператор/Ракувач на ЦНЦ машини – Штип;
  26. Дијагностичар на мехатронички системи – Тетово;
  27. Автомеханичар – Тетово
  28. Дигитален маркетер –Битола, Куманово;
  29. Оператор за поддршка на компјутерски системи и мрежи – Битола;
  30. Оператор за изведба и оддржување на компјутерски мрежи – Штип;
  31. Оператор за компјутерски системи и мрежи – Куманово;
  32. Парамедик-Давател на итна медицинска помош – Штип;
  33. Ментор за работна интеграција – Скопје

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријава за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени невработени лица, на јавниот оглас кој подоцна ќе биде објавен од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Селектираните спроведувачи на обука ќе добијат надоместок за обука во износ од 24.000 денари по обучено лице. Обуката ќе се реализира во времетраење од 3 месеци.

 

Потребната документација се доставува најдоцна до 15.12.2022 година до архивата на:

 

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

 Некомплетните, ненавремено доставени документи и пристигнати пријави за занимања кои не се наведени во јавниот оглас нема да бидат земени во постапка за одлучување.

 

 

ЈУ Центар за образование на  возрасните – Скопјe

                                                                                                Prijava za provajder_merka Преземи