Денес на 28.10.2019, во просториите на Центарот за образование на возрасни,директорката на центарот г-а.Линдита Ќазими заедно со директорот на СУГС „Цветан Димов“ г.Висар Дураку го потпишаа договорот за почеток на проектот – Стручно образование за возрасни. Со овој проект на граѓаните им нудиме бројни можности на пазарот на трудот и унапредување во работата.
Проектот е финансиран од Центарот за образование на возрасни и имплементиран од СУГС „Цветан Димов“.