ЈУ Центар за образование на возрасните, со поддршка на Центарот за доживотно учење, организира петдневна обука за проценувачи во процесот на валидација на неформалното и информалното учење. Обуката беше наменета за лица од образованието и стручни лица од пазарот на трудот, кои ќе учествуваат  во фазата на пилотирање на процесот на ВНИУ наредната година.

ЈУ Центар за образование на возрасните од 2014 година работи на креирање на систем на ВНИУ во Република Македонија. До сега се изработени повеќе документи, организирани обуки за кадарот, а во подготовка е и легислатива за процесот на валидација. Процесот ги содржи фазите на: индентификација, документација, проценка и сертификација, а обучените проценувачи ќе бидат инволвирани во третата фаза, проценување.

Обуката ја водеше Ани Картунен, експерт од областа на валидацијата на неформалното и информалното учење, од Финска.

Во наредниов период ЈУ Центар за образование на возрасните ќе организира дополнителни обуки за советници и проценувачи за потребите на системот на валидација.