Обука за побарувани занимања на пазарот на трудот

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈУ Центар за образование на возрасните

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, за мерката 3.3б – Обука за побарувани занимања на пазарот на трудот, ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 06.09.2017 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки) за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3б – Обука за побарувани занимања на пазарот на трудот од ОП за 2017 година во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

-Келнери, Скопје

-Готвачи, Тетово

-Слаткари, Скопје, Тетово

-Шивач, Скопје, Тетово

-Шивач на текстил, Прилеп,

-Кројач, Скопје

-Аргон – заварувач, Куманово, Скопје, Тетово

-Машино-бравар, Битола, Велес

-Металоглодач, Скопје

-Ракувач со градежни машини, Неготино, Битола, Струмица, Скопје

-Ракувач на вилушкар, Неготино, Битола, Скопје

-Автомеханичар за современи системи кај моторните возила, Тетово

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  • да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука,

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријавата за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице.

Потребната документација се доставува до 20.09.2017 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје                                                                                                           

Пријава за провајдер,Paraqitja (Овде може да ја симнете пријавата)

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *