Обука за побарувани занимања и занаети

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Врз основа на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, за мерката 3.3 – Обука за побарувани занимања и занаети (во делот за побарувани занимања), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје, на ден 29.03.2018 година распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

до верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје распишува јавен оглас за избор на верификувани спроведувачи на обука (приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни училишта и други верификувани спроведувачи на обуки) за образование на возрасни за реализација на мерката 3.3 – Обука за побарувани занимања и занаети (во делот за побарувани занимања) во рамки на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

На Јавниот оглас може да се пријават верификувани спроведувачи на обуки кои ќе ги реализираат следниве програми по градови:

 

– Гипсер-монтер

-Столар

-Ѕидар

Скопје, Струмица

Куманово, Тетово

Струмица, Тетово

-Фасадер Скопје, Струмица
-Монтер на гасоводна инсталација Струмица
-Монтер на сончеви панели Штип, Битола
-Монтер на соларни топловодни и фотонапонски системи Битола
-Инсталатер и монтер на водоводна инсталација Скопје
-Електроинсталатер и монтер на станбени објекти Битола
-Службеник во книговодство Скопје, Штип, Битола, Куманово
-Рецепционер

-Службеник во туристичка  агенција

Скопје

Скопје

-Козметичар Скопје, Битола, Струмица
-Маникир / педикир Скопје, Битола, Струмица, Штип
-Масер Скопје, Битола, Струмица, Штип
-Неговател/ка на деца Битола, Штип

-И во други градови на Р.Македонија каде што има верификувани спроведувачи на обуки за исти или слични занимања.

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  • да имаат решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од Министерство за образование и наука,

Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да достават потребна документација:

  1. Пријавата за учество во мерката – објавена на интернет страната на ЈУ Центар за образование на возрасните (cov.gov.mk)
  2. Документ за регистрирано дејност – образование на возрасни;
  3. Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
  4. Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасните издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
  5. Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.

Заинтересираните верификувани спроведувачи кои ќе бидат селектирани за изведување на обука ќе добијат 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Средствата потребни за реализирање на мерката  3.3 Обука за побарувани занимања и занаети (во делот за побарувани занимања) се обезбедени во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Потребната документација се доставува најдоцна до 23.04.2018 година до архивата на:

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

ул. Димитрие Чуповски бр. 13

1000 Скопје

Некомплетните и ненавремено доставени докумети нема да бидат земени во постапка за одлучување.

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

Prijava za provajder_merka (преземи)